Мекларен му оддаваат почит на Мансур Оџех

Тимот на Мекларен ќе му оддаде почит на Мансур Оџех на своите болиди за Големата Награда на Франција овој викенд.

Оџех, долгогодишен акционер во Мекларен, почина на почетокот на овој месец на 68-годишна возраст. Таткото на саудискиот милијардер роден во Париз ја основал Techniques d’Avant Garde, попозната како ТАГ, компанија која формираше партнерство со новиот шеф на Мекларен, Рон Денис во раните 1980ти години, откако претходно имаше краток сојуз со Вилијамс.

Оџех стана акционер во Мекларен во 1984 година и заедно со Денис беше влијателно присуство во хиерархијата на тимот низ нејзината ера на освојувањето на шампионати.

Како почит, Мекларен го додаде неговото име на покривката на нивниот мотор, кој ќе се прикаже и на болидите на Ландо Норис и на Даниел Рикардо викендов во Франција.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ