Мекларен се подготвува за промена во поредокот во Кина

Спортскиот шеф на Мекларен, Жил де Феран, смета дека во Кина треба да се очекува промена на средината од поредокот поради специфичните карактеристики на автодромот крај Шангај.

Во Австралија и Бахреин тимот на Мекларен беше во конкуренција за освојување на поени, а преку 6то место на Ландо Норис и го сторија тоа во Шакир. Но, Кина има повеќе и подолги правци, но и неколку остри кривини, комбинација која бара подесување на сетапот, нешто што не е силно оружје на МЦЛ34 болидот од Вокинг.

Големата награ да на кина ќе биде повторно нов предизвик за нашиот мцл34 болид. природата на патеката во австралиај и ноќната трка во бахреин беа добри за нас, но автодромот во шангај има многу поразлични карактеристики од нив и поради тоа може целосно да го промени балансот помеѓу екипите.

без оглед на тоа, фокусирани сме на кина и сакаме да го максимизираме секој ден во текот на викендот, се надеваме на напредок и подобри перформанси за да осигураме добар пласман – објасни де феран.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ