Мелбурн очекува 50.000 фанови

Големата награда на Австралија има цел да се одржи пред публика од 50.000 гледачи дневно откако оваа година беше откажана поради пандемијата од Ковид-19. 

Од ФИА потврдија дека трката во Австралија ќе ја отвори сезоната следниот Март согласно новиот календар од 23 трки. Директорот на трката, Ендру Вестакот, не сака да одржи трка без фанови бидејќи оваа година имало неколку такви. 

Ќе направиме помали модуларни трибини наместо досегашните девет редни и ќе ги ставиме на нови локации – најави вестакот

Вестакот призна дека на Алберт Парк ќе недостасуваат големите објекти кои се користеле за фановите. Покрај тоа возачите и тимовите ќе останат во изолација и нема да имаат контакт со публиката. 

Сеуште можеме да направиме придружни објекти и да имаме безбедна околина, Но мораме да ги направиме промените.

Ако имаме 10 зони и секоја со капацитет од 3.000 до 5.000 фанови тоа значи дека имаме можност за 50.000 фанови. 

Сепак, Вестакот признава дека максималната бројка на гледачи ќе ја одлучи владата и здравствените власти. 

Доколку има промена во условите ќе дискутираме со партнерите. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ