Можен е компромис за жалбата на Рено

Неименуван шеф на Формула 1 тим изјави дека ФИА може да најде компромис за жалбата на Рено околу болидот на Рејсинг Поинт. 

По втората трка во Австрија беа запленети делови од системот за сопирање на Рејсинг Поинт РП20 пакетот по жалбата поднесена од фабричката екипа на Рено 

Доколку Рејсинг Поинт и Мерцедес имаат дозвола да си ја играат оваа игра, ќе имаме осум Мерцедес, шест Ферари, четири Ред Бул и две Рено наредната година – изјави Хелмут Марко. 

Но, неименуваниот шеф на Формула 1 екипа смета дека ФИА може да направи компромс. 

Рејсинг Поинт најверојатно ќе треба само да ги промени сопирачките. ФИА имаа мрзлив компромис со Ферари за да не ја загрозат тркачката серија во целост. 

Герхард Бергер смета дека клиентските болиди треба да добијат зелено светло.

Во 2008 година потенциравме дека Торо Росо е идентичен со Ред Бул, но Во тоа време беше дозволено тоа. на тој начин победивме со Фетел на Монца. На сите им се допадна тоа. ФИА и Формула 1 треба повторно да го дозволат тоа. Нели сакаме АлфаТаури, Вилијамс и Рејсинг Поинт да се вратат на подиум.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ