Рено со нова пумпа за вода за да ги реши проблемите со моторот

Производителот Рено откри дека ќе има променет дизајн на својата пумпа за вода со цел да се решат овогодинешните проблеми со издржливоста на агрегатот поради кои Алпин загуби многу поени.

Тимот од Енстон имаше значителен напредок сезонава и заврши на 4то место како најдобар од останатите зад Ред Бул, Ферари и Мерцедес, но имаа фрустрирачки откажувања кои особено го иритираа Фернандо Алонсо како оние откажувања на моторот кон крајот на сезоната.

Бруно Фарин, шефот на програмата за Формула 1 моторот на Рено, посочи дека немало ништо фундаментално лошо со дизајнот на моторот од фабриката во Вири, туку проблемите биле помали и во помошни делови како пумпата за вода, кој ќе биде преработена за следната сезона.

немаме голем проблем на самиот мотор, на делот со внатрешно согорување. имавме проблем во сингапур, проблем кој се покажа многу чуден затоа што всушност беа два проблеми во само осум кругови, беше премногу.

сите останати проблеми беа на страна на помошните и пропратни делови на моторот како пумпата за вода или пумпата за гориво, а тоа е нешто што ќе го решиме за следната година – најави фамин.

Тој не гледа потреба Рено да ги ограничи перформансите од моторот и верува дека промена на концептот кај помошните делови ќе биде доволен за да се решат проблемите.

нема да намалиме никаква сила од моторот, ќе работиме и ќе напредуваме со деталите особено на страната на помошните делови. пумпата за вода ни беше главоболка цела година, ја подобривме колку што тоа можеше во текот на годината, но јасно е дека не беше доволно.

концептот на пумпата за вода мораше да се промени и тоа ќе го направиме за следната година кога се надеваме дека проблемот ќе биде решен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ