Мозли: Фановите не простуваат ако сте неодлучни

Поранешниот претседател на ФИА, Макс Мозли, е човек кој е добро запознаен со контроверзни ситуации и ги предупредува шефовите на Формула 1 дека на фановите ќе им треба време да ја прифатат неодлучноста прикажана на Австралиското Гранд При.

По одлуката дека Мекларен се повлекува од трката, се очекуваше моментална одлука да се откаже трката како резултат на повлекувањето на екипата од Вокинг. Но, наместо тоа, Либерти Медиа, ФИА и тимските шефови, имаа долг состанок и по неколку часа сеуште немаше одлука. Потоа се појавија и неосновани вести, според некои дека трката ќе се одржи, а според други не. На крајот, организаторите изјавија дека ќе се одржи, а по два часа подоцна Ф1 да објави дека трката е откажана. Тоа се случи два часа пред почетокот на Т1, а фановите веќе беа пред портите.

Генерално, мислам дека луѓето можат да простат ако згрешите, но не можат да простат ако не сте одлучни. Мора да ја донесете одлуката најбрзо што може.

Ова е една од тие ситуации каде мора да одлучите и што и да направите, ќе бидете критикувани, но тоа е дел од работата. Очигледно сите големи одлуки се носат без доволно информации. Тоа е дел од животот. Во исто време, сите ви се над глава и на крајот мора да одлучите.

Ова е 100 процентно правилна одлука и дури и да нервира голем број на луѓе. Тешко е. Никогаш не сте целосно сигурни, далеку е од тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ