Монако ги закажа Формула Е и Историското ГП за 2021

Монако ќе ужива во неверојатни 5 недели на тркање низ улиците на Кнежевството следната година, откако Формула 1, Историското Ф1 ГП и Формула Е се потврдени со настани во медитеранската држав.

Триото на моторспортот ќе започне од 23 Април и како резултат на овогодинешните откажувања поради Корона вирусот, историското Гранд При и Формула Е настанот се менуваат секоја година, но поради прекинот годинава тоа доведе до три викенди исполнети со трки.

Историското Гранд При ќе се одржи на 23 Април, Формула Е на 8 Мај, додека Формула 1 трката на 23 Мај. 

Да се организираат три трки во еден месец ќе биде премиерно во Монако. Од логистичка страна ќе биде комплицирано, но не и невозможно. Поради новите ограничувања, ќе почнеме со подготовки на патеката поради од вообичаеното, на крајот на Февруари, наместо на 15 Март.

Потоа ќе ги интегрираме техничките делови, на и околу патеката, кои се бараат од секоја категорија. Со цел да го изведеме тоа, ќе се осврнеме на искуството и флексибилноста на сите вработени, со цел да ја исполниме целта – изјави Кристијан Торнаторе, главниот комесар на Автомобилскиот Клуб на Монако.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ