Монако откажано, нема трка низ Кнежевството годинава

Организаторите на Големата награда на Монако официјално објавија дека трката оваа сезона е откажана, а не одложена како што првично беше најавено. Автомобилскиот клуб од Монако ја објави оваа вест многу брзо откако беше најавено дека трката “во пакет“ со Холандското и Шпанското Гранд При се одложени.

Челниците на настанот велат дека организацијата на настанот во иднина е неизводливо, а одуката била донесена како комбинација од моменталните состојби и потенцијалната потреба од работна сила за поставување на патеката и волонтерите кои работат во текот на викендот.

моменталната ситуација со светската пандемија и нејзиниот непознат развоен пат, недостатокот на разбирање што ќе се случи со формула 1 сезонава, несигурноста во однос на учеството на екипите, последиците оа превземените мерки од различни влади низ светот, граничните рестрикции за пристап до кнежеството, притисокот од сите бизниси кои се зафатени со кризата и нивниот посветен персонал кој нема да има можност да работи волонтерски за потребите на успешна трка ја прават организацијата на трката невозможна.

како резултат на сето тоа и по внимателно земање во предви на сите работи во врска со светската криза, со голема тага бордот на директори на автомобилскиот клуб во монако донесе одлука да го откаже 12то историско гранд при како и 78то издание на големата награда на монако во формула 1.

до сите фанови, гледачи, партнери и членови, бордот сака да им искаже сочувство што ќе ги одложи овие два настани кои не можеше да се одложат под никакви услови и не можеше да бидат организирани во иднина – гласи соопштението од автомобилскиот клуб како организатори и промотери.

Рекордните 22 трки кои требаше да се возат годинава без Монако и Австралија кои исто така тешко дека ќе успеат да организираат трка низ Алберт ПАрк годинава, се намалија на 20 насани.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ