Монако целосно свесни за заканата, почнуваат со подготовките

Организаторите на трката за Голема Награда на Монако објавија дека се целосно свесни за заканата од Корона вирусот додека почнуваат со подготовките на патеката во Кнежевството.

Трансформацијата во Монте Карло веќе е започната, додека историската трка на патеката e закажана за 13 Мај, а пак Гранд При-то е закажано за 21 Мај. Автомобилскиот Клуб на Монако ги надгледува настаните поврзани со пандемијата од КОВИД-19 и комуницира со Формула 1 и ФИА.

Автомобилскиот Клуб на Монако, организаторот на историската трка во Монако на 13 Мај, како и Формула 1 трката на 24 Мај, се целосно свесни за проширувањето на КОВИД-19 и загрижувачката ситуација која произглегува.

Постои причина зошто клубот е во постојан контакт со властите во Монако, спортот и комерцијалните странки во Ф1, ФИА и Формула 1 групацијата. Подготовките на патеката само што започнаа, а првите објекти веќе ќе бидат инсталирани во следните неколку дена. АКМ се подготвени за сите мерки и ќе продолжат со активностите според насоките од официјалните здравствени установи.

Ќе продолжиме да ги информираме сите како што се развива ситуацијата. Според последните информации од АКМ, двете трки се очекува да се одржат според оригиналниот планот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ