Мончу: Лесниот болид на Алфа е екстремен

Техничкиот шеф на Алфа Ромео, Јан Мончу, смета дека овогодинешниот болид на швајцарската екипа е екстремен.

Екипата го одработи првиот тест со камуфлирани бои и поради тоа беше тешко да се забележат иновациите и радикалноста во однос на техничката регулатива. Доктор Хелмут Марко отворено изјави дека Алфа Ромео и Мекларен се единствени кои возат со пакети согласно миниманата тежина од 795 килограми, останатит се потешки.

Мончу посочи дека тимот експериментирал до екстремни граници со новиот болид за да се осигураат дека ќе бидат лесни. Болидот немаше добар прв тест со Ботас, Жу и Кубица така што успејаа да комплетираат вкупно 176 кругови.

не сум видовит да кажам како ќе се покаже болидот, но вообичаено нашите болиди се квалитетни и издржливи. имаме некои проблеми кои треба да ги поправиме и сигурен сум дека ќе успееме во тоа.

во однос на механичките проблеми, би кажал дека е подобро да се појават сега одошто во текот на сезоната – посочи мончу.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ