Моншу е изненаден од Жу

Техничкиот директор на Алфа Ромео, Јан Моншу изјави дека кинескиот возач Жу Гуанју е најголемото изненадување на оваа сезона. 

Жу на првата трка освои поен, но подоцна имаше доста тешки, трки, проблеми со издржливоста и голем инцидент на Силверстон. Во Канада повторно стигна до поени и ја имаше најдобрата трка за него оваа сезона. Моншу е изненаден од перформансите на Жу кои се над очекувањата на тимот и докажа дека и платените возачи знаат да донесат поени. 

Жу е изненадувањто на сезоната. Тој е одличен возач кој е доста фокусиран и учи многу. Имаше импресивни трки и покажа дека знае да престасува.

На квалификациите е се подобар. Импресивен е за почетник бидејќи не го оштетува многу болидот освен два големи инцидента – задоволен е инженерот.

Жу е колега со Ботас кој има доста искуство и носи баланс во тимот. Финецот е примерот кој Жу треба да го следи и да напредува. 

За среќа имаме возач кој е пример каде треба да се оди. Жу знае каде е и каде сака да оди. Тој е најголемо изненадување за нас и за Формула 1 генерално. 

Алфа Ромео се на шеста позиција во генералниот пласман и заостануваат четири поени во борбата за четврто место. Моншу не се откажува од напредокот во наредните девет трки. 

Се надевам дека ќе ја расипеме забавата на Мекларен и Алпин. Сега сме на полувреме и Мораме да носиме надградби и да станеме се побрзи. Потребни ни се поени на сите трки до крајот на сезоната. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ