МотоГП, Америка: Маркез освои пол, но ќе стартува четврти

Марк Маркез стигна до пол позиција за Американското Гранд При во МотоГП, но се најде веднаш под истрага за блокирање на ривалот, Маверик Виналес.

Маркез водеше во првите кругови во Остин, Тексас, со најдобар круг од 2:04.134, со предност пред Валентино Роси од 0.394 секунди. Но моменталниот шампион изгуби контрола над предниот дел од својот мотор, падна, а потоа мораше да се врати полека во боксовите за да го превземе резервниот мотор во последниот дел од сесијата.

При својот инсталациски круг, Маркез го блокираше Виналес, додека моторциклистот на Јамаха беше при својот летечки круг.

Виналес беше приморан да се откаже од кругот, но успеа да се врати во следниот круг со најбрзо време од 2:04.064.

Маркез успеа да го подобри своето време и постигна најбрз круг со предност од 0.406 секунди пред Виналес, но при крајот на сесијата беше соопштено дека инцидентот помеѓу двајцата моторциклисти е под истрага. Потврдено е дека на Маркез му е доделена грид казна од 3 места, односно тој ќе стартува од четврттата позиција на денешната трка.

Андреа Ианоне од Сузуки беше најдобар од останатите, пласирајќи се на трето место, 1 илјадитинка пред Жоан Зарко од Тек 3 Јамаха.

Втората фабричка Јамаха на Валентино Роси ќе стартува од петто место, пред Хорхе Лорензо од Дукати.

Лидерот во генералниот пласман, Кал Крачлоу, беше седмопласиран во квалификациите, пред Андреа Довициозо од Дукати, повредениот Дани Педроса и Данило Петручи. Во топ 12 се најдоа и Алекс Ринс и Пол Еспаргаро.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ