Моторот на Рикардо неоштетен и покрај проблемите на Т2

Сирил Абитебул, шефот на Рено, откри дека моторот и менувачката кутија во болидот на Даниел Рикардо се во ред откако австралијанецот загуби притисок во хидрауликата за време на втората тренинг сесија на Спа Франкошамп.

На 15-тина минути пред крајот на сесијата Рикардо запре крај патеката, а маршалите реагираа истуркувајќи го болидот зад бариерите. Пред проблемите, тој имаше одличен ден и постави многу конкурентно време со “ситен“ заостаток во однос на Макс Верстапен, а го имаше и најбрзото време во последниот сектор.

петочните времиња не се секогаш репрезентативни за сабота и недела, а во недела е денот кога е трката и кога се деалт поените. гледаме дека напредуваме со болидот, освен во барселона каде бевме слаби со сетирањето, но целосните аеродинамички перформанси и конкурентноста ни се подобруваат. на патеки со мала потисна сила како на пример силверстон и овдека, сме навистина добри.

чувствуваме дека и моторот одлично работи и секако дека сме разочарани што рикардо имаше проблеми со хидрауликата, но колку што добив информација нема оштетување на агргатот и на менувачот кој е нов, а тоа е најважно.

кога се губи притисок во хидрауличниот систем болидот ионакасе сопира, но до тој момент немавме никаква штета што е одлично – задоволен и сирил.

Абитебул е свесен дека ниското ниво на потисна сила со кое се вози на Спа може да биде променето во пресрет на трката и квалификациите доколку се појави дожд на патеката која е позната по многу променливо време.

овдека потисната сила е ниска толку колку што возачот може да се носи со тоа. времето е биде интересен фактор затоа што треба да се направи компромис за сабота и недела затоа што по се изгледа ќе имаме дожд ако прогнозаа се оствари.

ние сме во долниот дел во однос на потисната сила, даниел одлично се носи со тоа, а и естебан учи како да вози со такво ограничување на болидот. окон доби свеж мотор за оваа трка што значи повеќе сила што е важно со волку долги правци. ќе биде интересна и динамична трка – најави шефот на фабричката екипа од енстоун.

Во врска со конкуренцијата Сирил додаде:

мислам дека имаме средина од поредокот која е густа и многу зависи од карактеристиките на болидот, моторот, потисната сила, отпорот и слично и сето тоа има врска во распоредот на силата викендов.

мораме да се обидеме да ги порпавиме нашите слабости затоа што генерално имаме болид кој подобро се снаоѓа на патекит со мала потисна сила и се надевам дека порди тоа е бидеме силни сега и во монца следната недела.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ