Нандо призна дека ќе биде тешко да се победи на Инди

Фернандо Алонсо призна дека ќе биде многу тешко оваа година да ја оствари својата цел и да триумфира на легендарната Индијанаполис 500 стигнувајќи до тројната круна во моторспортот.

Двократниот Формула 1 првак кој се враќа во спортот преку Рено догодина по две сезони минати надвор од тркачката серија, има за цел да триумфира на Инди откако зад себе има Формула 1 победа на Монако и ВЕЦ победа во Ле Ман и на тој начин да ја комплетира тројната круна.

Во моментов во тек се подготовките за трката која во 2017 година не успеа да ја заврши откако му откажа моторот, а беше одличен и при врвот, а лани не успеа нити да се квалификува за настанот. Сезонава ќе почне од 26та позиција и ќе се трка за тимот на Мекларен.

дојдов за да се обидам да победам што е огромен предизвик. можев да одам во барселона и да бидам со рено, но дојдов во америка исто како што бев и на дакар. знам колку е тешко тркањето овдека, бев сведок и на квалификациите, но ништо од тоа не ја менува мојата перспектива за трката – објасни фернандо.

Шпанецот смета дека неговите шанси за победа се драстично намалени поради сударот на тренингот пред 10-тина денови.

стартната позиција веројатно е послаба поради сударот по кој мораше болидот одново да се направи и да се вметнат нови делови. ќе имам многу работа на трка, знам дека ќе ми треба и среќа за да бидам насмеан на крајот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ