На Алфа ќе им треба време да го подготват новиот симулатор

Алфа Ромео најавија дека нивниот нов симулатор нема да биде подготвен за користење следните 18 месеци откако Заубер моторспорт инвестираа многу во врвен воздушен тунел пред неколку години, така што хендикеп им беше симулаторот. Јан Мончу, техничкиот директор на тимот призна дека се надева оти новиот систем ќе биде брзо подготвен.

мораме да бидеме реални затоа што на некои големи екипи им требаа 10 години за да научат правилно да го користат симулаторот, но тоа беше одамна и новата технологија е многу понапредна и попаметна. се надевам дека за 1-1,5 години, можеби и порано за некои одредени работи, ќе можеме да го користиме новиот симулатор како помошна алатка.

ќе биде долг процес затоа што секогаш треба да се оптимизира и подесува со реалноста и треба да се осигураме дека возачите чувствуваат дека големиот и скап плеј стејшн е реален и  реално го отсликува однесувањео на болидот. тоа е тешко и за тоа треба време, а за шест месеци се надевам дека ќе бидеме подготвени – најави мончу.

Една од главните задачи на Роберт Кубица ќе биде токму развој на симулаторот на тимот откако беше прв кој се појави на патеката во Барселона за да стекне чувство за новиот болид во реални услови.

ќе биде година полна со работа затоа што ќе се тркам и во дтм, а ќе имам многу задачи и во фабриката. дефинитивно еден дел од мојата работа и тоа голем дел е надвор од патеката.

млада екипа сме во однос на користење на симулатор и ќе се обидеме да го развиеме колку што може подобро, нешто за што е потребно време, исуство и трпение. во формула 1 е секогаш тешко да се биде трпелив затоа што трката не е само на патеката туку и во фабриката. ќе биде голем рпедизвик да се оптимизра симулаторот, а јас ќе бидам задолжен да одработем голем дел од тоа – најави кубица.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ