На продажба болидот на Гасли со кој освои подиум во Бразил

Болидот на Торо Росо со кој Пјер Гасли дојде до првиот подиум во Формула 1 кариерата ќе се најде на продажба. 

Откако беше заменет од Ред Бул таа година, тој се врати во својот поранешен тим. Французинот успеа да ги импресионира сите и успеа да заврши на подиум на претпоследната трка таа година за време н аГолемата награда на Бразил во Сао Паоло. 

По рестартот на трката, двата болиди на Ферари имаа инцидент и пред време ја завршија трката, а Луис Хамилтон го изврте Албон со што Гасли дојде до втора позиција која ја задржа до крајот. 

Како еден од најдобрите моменти на тимот и возачот, болидот што успеа да го направи тоа се наоѓа на продажба и е прикажан на https://racecarsdirect.com/ без одредена цена.

Сепак тој доаѓа само како шасија без мотор и може да служи само за изложба. Покрај тоа секој друг дел е оригинален и дури има менувач, волан и сопирачки.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ