Нема трка во Виетнам ниту догодина

Виетнам е изоставен од провизорниот Формула 1 календар за 2021 година, а очекувањата се истиот да биде објавен утре, но во истиот има место за Бразилското Гранд При на Сао Паоло.

Очеквањата се календарот да се состои од 22 трки откако Виентнам и трката низ улиците на главниот град Ханои отпаднала во последен момент.

Земјата требаше да ја организира првата Гранд При трка на свое тло оваа година, но истата беше откажана поради пандемијата, а шпекулациите велат дека била вклучена во драфт календарот кој циркулирал помеѓу екипите минатиот месец.

Но, трката нема да биде дел од од овогодинешниот календар, а шпекулациите е дека изоставувањето се должи на политичките проблеми и препукувања токму поради трката. Пандемијата не е проблем за земјата затоа што и покрај фактот што граничи со Кина, земјата каде Корона вирусот се појави, Виетнам секогаш имаше низок број на заразени.

Отсуството на Големата награда на Виетнам ќе остави празен простор од еден месец помеѓу Кинеското Гранд При кое треба да се одржи на 11 Април и Големата награда на Шпанија која е закажана за 9 Мај. Но, челниците на спортот не се откажуваат од намерата да имаат 23 трки односно да додадат настан во тој период.

Друга промена во однос на очекувањата е тоа што Бразилското Гранд При останува и следната година на Сао Паоло откако се појавуваат се повеќе проблеми со изградбата на патеката во Рио иако е потпишан договор со тамошните промотери. Првичнот план беше патеката во предградието на Рио да биде пдоготвена за трка следната година, но тоа нема да биде така.

Тркачката сезона треба да започне во Австралија на 21 Март, а да заврши традиционално во Абу Даби на 5 Декември.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ