Нирбургринг подготвени за можно враќање во Формула 1

Историскиот Нирбургринг покажува подготвеност да ја врати Формула 1 во Германија и е отворен за разговори со шефот на Формула 1, Стефано Доменикали.

Изјавата за намера доаѓа откако Доменикали го изрази своето разочарување поради општиот недостиг на интерес од Германија за одржување на Гранд При трка.

Разочаран сум и исто така тажен што немаме Гранд При на Германија во моментов.

Но, за жал, не гледам вистински интерес од Германија повторно да стане дел од календарот на Формула 1. Тоа е срамота и всушност тешко да се поверува. Се надевам дека ова ќе се промени повторно во иднина – откри незадоволениот доменикали.

Италијанецот додаде дека е штета што никој од Германија не “ѕвони на ѕвончето“ за да биде домаќин на трка, но официјалните лица од Нирбургринг сега креваат врева по коментарите на Доменикали.

Сè уште сме подготвени да разговараме – изјави директорот за комуникации во нирбургринг, Александар Герхард, за Deutsche Presse-Agentur, цитиран од Sky Sports F1 во Германија.

Продолжуваме да имаме став дека можеме многу добро да ја замислиме Формула 1 на Нирбургринг, но под економски разумни општи услови.

Може да се помисли дека со Себастијан Фетел и со Мик Шумахер на гридот, сè уште ќе има многу интерес за Голема награда на Германија, но таму нема постојана трка од 2019 година кога Макс Верстапен излезе како победник на Хокенхајмринг. Нирбургринг обезбеди убав бран на носталгија во 2020 година кога и помогна на Формула 1 во нивната потреба да создаде сезона на светскиот шампионат за време на раните фази на пандемијата од Ковид-19. Патеката се врати на распоредот за прв пат по осум години, познато како Големата награда на Ајфел, освоена од Луис Хамилтон.

Герхард, исто така рече дека Нирбургринг ќе биде отворен за споделување и менување со други патеки во Германија и што е уште поинтригантно, не ја отфрли можноста Формула 1 да може да се трка на самиот Нордшлајфе.

Како идеја, може да го користите Нордшлајфе бидејќи има голема традиција. Никогаш не би ја отфрлил целосно оваа идеја, сепак ќе мора да има разговори со сите вклучени страни. Тоа би бил трет чекор, а не прв.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ