Нисани брзо се прилагодил на болидот

Формула 1 почетникот, Рој Нисани, уживал во времето и довербата која ја доби од Вилијамс да одработи по половина од двата тест денови наменети за Пирели на патеката Јас Марина во Абу Даби.

Нисани лани се тркаше во формула 2 за Кампос, во Вторникот комплетираше 41 круг со најбавно време во денот, а сличен број на кругови извозе и во Среда и повторно беше најбавен.

се чувствувам одлично, чувството кога си ја сакате работата и точно знаете што правите. ми требаа четири кругови да се почувствувам удобно во болидот, а потоа само го надоградував мојот ритам и самодовербата.

се подобрувавме и најдобрите кругови ги вртев кон крајот на сесијата, а направивме и некои промени согласно моите желби. се чувствувам удобно и верував во болидот кој има огромен потенцијал – појасни нисани.

Иако Нисани константно го подобруваше своето време сепак заостануваше цели 2 секунди зад најбавниот од останатите, Антонио Џовинаци.

цел беше на рој да му стане удобно во болидот и да му дадеме првично искуство во фв42 додека се работи на гумите за следната година. ги комплетиравме сите цели без проблеми, а рој одлично одработен – потврди главниот инженер на екипата, дејв робсон.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ