Нисани ќе вози во Ф2 за ДАМС

Развојниот возач на Вилијамс, израелецот Рој Нисани, ќе вози за тимот на ДАМС во Формула 2 тркаката серија претсојнава сезона, а колега ќе му биде членот на Академијата на Ферари, Маркус Армстронг.

Нисани редовно тестираше и добиваште петочни тренинг сесии во Вилијамс минатата година, одработе Гранд При тренинг сесии во Шпанија, Италија и Бахреин, а се појави и на тестот за млади возачи во Абу Даби по крајот на сезоната. И минатата сезона се тркаше во Формула 2 серијата, возеше за Тридент и заврши на слабото 19то место на крајот од сезоната, а на тестот по крајот на сезоната, одработе за ДАМС што ги подгреа шпекулациите дека ќе направи трансфер.

воодушевен сум што ќе станам дел од толку ценета екипа како дамс. тие имаа неверојатна историја со силен углед во формула 2 така што сум воодушевен што ќе им се приклучам.

веќе одработевме одлично на тестот по крајот на минатата сезона и нетрпелив со да дојде март и да продолжиме онаму каде што застанавме. се надевам дека ќе се бориме за врвот од поредокот и возбуден сум поради тоа што сметам дека ни претсои возбудлива иднина – најави нисани.

Минатата година беше многу разочарувачка за тимот откако во 2019 годиан беа шампиони кај конструкторите, но 2020 година завршија на 8мо место со само една победа благодарение на Дан Тиктум. Со Нисани и Армстронг од ФДА, екипата се надева на врвот.

среќни сме што можеме да му посакаме добредојде на рој во тимот за оваа сезона. веќе имавме можност да работиме со него во бахреин на тестот по крајот на сезоната каде се мина одлично и бевме задоволни од неговиот фидбек.

одлично се вклопи во екипата особено во работата со инженерите и одлично е што веќе имаат одреден однос, а сега треба да му дадеме добар пакет за да неговиот потенцијал додје до израз.

навистина сме нетрпеливи да почнеме да работиме со рој и да му помогнеме да испорача силни разултати кои ги заслужува – задоволнит се грегори и оливие друа, сопствениците на тимот.

Нисани веќе потврди дека и сезонава ќе одработува за Вилијамс.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ