Нисани ќе тестира за Вилијамс во Абу Даби

Поранешниот Формул 2 возач, Рој Нисани, сосема неочекувано, ќе се појави на тестот на Пирели по трката во Абу Даби во болидот на Вилијамс.

Израелецот, кој патем денеска полни 25 години, ќе го вози ФВ42 болидот во Четврток попладне и во Среда наутро, додека редовниот Џорџ Расел и дебитантот догодина, Николас Латифи, ќе доработуваат пред и по Нисани.

Во 2016 година Нисани заврши на 4то место во Рено 3.5 тркачката серија, а беше 5ти во истата пред две години со четири победи на трка. Во Формула 2 лани се тркаше за Кампос, а освои само 1 поен благодарение на 10то место во Спа. Ланската сезона не ја доврши.

Неговото Формула 1 искуство е преку тестирање на постар Заубер Ц31 во шпанска Валенција во 2014 година.

ќе биде одлично да го надополнам моето искуство на патеката со формула 1 болид од тековната генерација и се надевам дека ќе ги импресионирам сите во вилијамс со мојата работа – посака нисани.

Таткото на Рој, Чаноч Нисани, има тест за Минарди во 2004 и 2005 година како и петочна сесија таа година за тимот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ