Новите екипи веќе започнале со тестирање

Гунтер Стаинер слушнал гласини дека потенцијалните нови Формула 1 тимови веќе започнале да тестираат во воздушните тунели. 

Главниот извршен директор на Мекларен, Зак Браун, изјави дека во последните денови слушнал дека три или четири тимови веќе ги исполниле роковите на ФИА за двете слободни позиции. За да се зголеми контроверзата има гласини дека повеќе од тимовите кои се сериозни конкуренти за влез во спортот веќе почнале со тестирање. 

Тоа се чисти гласини. немам факти за да го докажам тоа, Но правилата се такви и мислам дека слободно може да го прават тоа. Не можам да кажам дека е забрането. Кога не си во Формула 1 тоа значи дека можеш да прави што сакаш и правилата им дозволуваат. 

Стаинер изјави дека тој не е загрижен доколку протече нешто од аеродинамичките податоци од некој тим. 

ФИА замижува пред тоа и не сум загрижен. Тоа се гласини кои ги слушам, а ФИА сигурен сум дека ќе провери. 

Стаинер се согласува со Браун дека тие се погрешно сфатени за тоа колку може да влијаат на одлуката на ФИА за 11 или 12 екипи. 

Немаме многу право на глас. Сакаме Формула 1 да е подобра за сите и немам проблем со тоа. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ