Нови делови за Строл, Фетел ќе почека

Се чини дека само синот на газдата на Астон Мартин, Ленс Строл, ќе го добие новиот болид, додека четирикратниот шампион, Себастијан Фетел, ќе почека за некоја од следние трки. 

Астон Мартин најави половина нов болид за Барселона за чиј развој потрошија доста голем дел од буџетот. Тие биле во можност да направат само еден болид поради проблеми со доставувачите. 

Шефот на тимот, Мајк Крак, изјави дека по последната трка во Мајами, тие откриле три дела на кои се фокусираат. 

Имаме три делови на кои работиме. Најголем дел е аеродинамиката, вториот е тежината и третиот дел е според барањата на возачите во однос на управувањето и шасијата.

Затоа имавме толку инциденти во претходните трки. Нашите возачи излетуваа повеќе од нормално и Поради тоа мора да ги слушаме.

Ќе носиме надградби на сите трки. Некои помали, некои поголеми. За нас е важен континуиран прогрес. Мора да знаеме кој дел работи, а кој не. 

Техничкиот директор, Енди Грин, објасни дека имаат простор за менување на дизајнот доколку е потребнио. 

Брзо сфативме што може да се промени во однос на страничниот дел. Затоа го дизајниравме така болидот за брзо да може да реагираме. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ