Нордшлајфе доби дозвола за Формула 1

Легендарниот и застрашувачки Нирбургринг Нордшлајфе доби највисока оценка од ФИА за безбедносни стандарди, така што во иднина може да организира Формула 1 трки.

Патеката од предолги 22,7 километри е една од најтешките во моторспортот, а во последно време се прават значителни инвестиции за да се подобри безбедноснта на патеката што резултираше со највисока оценка за безбдносни стандарди која ќе важи до 2025 година. Секако дека враќање на Формула 1 на страшниот Нордшлајфе нема да биде лесно затоа што модерната Формула 1 бара многу повеќе од највиока оценка, но и поради веќе преполниот калнендар.

Последната трка на таканаречениот “Зелен пекол“ се случи во 1976 година кога страшна несреќа имаше Ники Лауда кој за малку ќе изгореше жив во својот Ферари по што остана во кома, а видливи последици имаше до крајот на животот.

Официјалните лица на патеката открија дека потрошиле повеќе од 2,5 милиони евра на нов асфалт во должина од 2,5 километри и дополнителни безбедносни мерки како инсталација на нова ограда. Целата работа била завршена во текот на зимата, а паралелно се правеле и подобрувања на кусата конфигурација која Формула 1 ја возеше во 2020 година.

Нордшлајфе е преполн со настани годинава, вклучително и АДАК 24-часовната трка на која се пријавени 130 учесници и ќе се одржи во Мај.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ