Норис задоволен од заслужениот подиум

Ландо Норис е задоволен што завршил на подиум на Имола откако ја загуби втората позиција од Луис Хамилтон пред крајот на трката. 

Норис беше вознемирен по квалификациите каде поради мала грешка беше избришано неговото време и мораше да стартува од седмата позиција на гридот, иако избришаното време беше доволно добро за втор ред и 3то стартно место. 

Тој немаше добар старт на трката и загуби позиција од Саинз и Строл пред да се појави безбедносното возило. Но, наместо да се откаже, тој се мотивираше и веднаш го помина Строл и Саинз во наредниот круг. 

Ова е одлично. Добро опоравување по вчерашниот ден. Беше долга и тешка трка. Немав добар старт, но имав добро темпо во остатокот. 

Но, тој не заврши тука. Веднаш го престигна Гасли и Рикардо, кој патем доби тимска наредба бидејќи Норис беше побрз и веќе дојде до Леклер кој беше зад Макс Верстапен. 

Беше добро да се бориме со момците и мислам дека заслуживме. Се надевам на повеќе подиуми во иднина. Имавме мала борба. Фино е да се бориме со Ред Бул, Мерцедес и Ферари. 

Сепак на самиот крај тој не успеа да го задржи Хамилтон зад себе бидејќи неговите гуми беа потрошени. 

Се решивме за рестарот за софт гуми. Имав добар рестарт со доста престасувања. Темпото беше одлично 10 до 15 кругови, но на крајот се мачев. Се обидов да ги чувам до крајот, но немаше веќе што.

Луис беше пребрз за мене. Го задржав неколку кругови, но толку беше. Среќен сум со трета позиција. Ова е голем успех за мене и за тимот. Вчера бев разочаран и сигурен сум дека и други беа. 

Тој беше прогласен за возач на денот со огромна предност пред Верстапен и Хамилтон. Ова е прв подиум за него по минатогодишниот во Австрија на отворањето на сезоната.

Со подиумот на Норис и Хамилтон се бележи 700от подиум за британските возачи во историјата на Формула 1. Последен пат двајца британци беа на подиум во Кина во 2012 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ