Норис: Згрешив што не ја одбрав стратегијата на Рикардо

Ландо Норис верува дека неговиот тим направил грешка што не го ставил на стратегијата на Даниел Рикардо, колегата кој беше подобропласиран од него на крајот од трката.

Австралијанецот тргна од медиум и промени на софт за втората серија и имаше одлична брзина до крајот на трката, финиширајќи на 7мо место и покрај казната од 10 секунди за контактот со Јуки Тсунода.

Норис, пак, запре во бокс порано и промени од медиум на хард, но притоа загуби брзина и перформанси, заврши на 9то место со 16,5 секунди заостаток зад колегата и три позиции. Неговата трка беше уништена по тешкиот прв круг кога загуби позиција од двата болиди на Алпин, екипа со која се борат кај конструкторите.

загубив две позиции на почетокот од трката од двата болиди на алпин што беше главна работа да не се случи. едниот ме мина на самиот, а другиот на првите неколку кривини. не е лошо, така е, што можам, но мислам дека завршивме пристојна работа на трката – објасни норис.

Британецот остана незадоволен од стратегијата затоа што сметаш дека онаа стратегија која ја користел Рикардо била половина минута побрза на крајот од трката.

многу рано го покривме јуки трунода и се заштитивме од него, што значеше дека морам на хард гумите, нешто што не го сакав. можеби тоа беше грешка, а по трката видов дека даниел го направи тоа што јас го сакав, долго возеше на медиум, а потоа на софт и тоа е 30-40 секунди побрза трка поради ритамот.

извадиме се што можевме, извадиме максимум, успеавме да го минеме ботас на неколку кругови пред крајот и тој дополнителен поен сепак ни значи.

Во однос на недостатокот од грип кој беше присутен кај сите возач, тој објасни:

тоа беше нешто со кое моравме да се соочиме и да возиме. направивме грешка што минавме на хард гумите, не моравме, а го направивме тој избор.

Во моментов екипата од Енстон води само 7 поени поени пред Мекларен на две трки пред крајот, а Ландо најавува дека ќе се мачат на Интерлагос.

задоволен сум што го намауваме заостатокот и мислам дека на крајот на денот заслужуваме да завршиме на 4то место, но треба да работиме многу напорно за да ги победиме на следните две трки.

да бидам искрен не знам што ќе се случи на крајот, бразил мислам дека ќе биде тешка трка за нас и ќе се мачиме. на последните неколку трки не бевме најбрзи, но завршивме доволно добра работа со стратегијата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ