Норис: Мекларен се повеќе се потпираат на мене

Ландо Норис потенцираше дека Мекларен се повеќе се потпира на него за развојот на болид споредено со претходните години. 

Тој е поискусниот возач во тимот, покрај дебитантот Оскар Пиастри, кој ја вози својата прва сезона додека негови претходни колеги беа Карлос Саинз и Даниел Рикардо. Но, Мекларен не ги постигна зацртаните цели со овогодинишниот болид и возачите бараат тимот да ги среди слабостите. 

Мислам дека добро се чувстуввам, Но тоа не е вистинскиот одговор. Работам како и досега и не се променети многу работи. Можеби имам повеќе знаење за развојот, работиме заедно и очекуваат повеќе од мене, Но покрај тоа сите заедно работиме да го подобриме болидот.

Не би рекол дека имаме ист возачки стил, но нашите поплаки се генерално исти. Пиастри е добро момчи и напорно работи. Мислам дека е забавно и Различно е од работата со Даниел – откри британецот норис.

Ландо потенцираше дека Пиастри е доста брз и очекува повеќе да го притиска од претходните години. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ