Норис: Ништо не беше како што треба во Монтреал

Ландо Норис смета дека Мекларен мора итно да се подобрат по лошото издание на Гранд При трката во Канада.

Младиот британец беше елиминиран во средниот квалификациски сегмент поради проблем со моторот, а не успеа да напредува и да надомести на трка. Проблем беше и промената на гуми во Мекларен кои се решија на двојна промена, но ги измешаа сетовите на гуми и го заглавија во боксот.

На крајот на трката заврши на 15то место.

ништо не беше како што треба во канада и нема многу позитивни работи кои можеме да ги извлечеме. болидот не е доволно добар, само на моменти е силен бев оптимист за добар резултат во петок, но заглавив зад вилијамс, а тие беа многу брзи на правците и не можев да ги минам – објасни норис.

Тимот од Вокинг си го задржа 4то место во конструкторскиот поредок и по оваа трка без поени, но Алпин им се доближија на само 8 бодови, додела Алфа Ромео се дополнителни 6 зад францската фабричка екипа.

не сме онаму каде што сакавме да бидеме. во ваков дека веројатно најдобро се гледа колку заостануваме и мораме многу напорно да работиме за да откриеме многу различни работи кои треба да не подобрат. на моменти некои работи изгледаа добро, но општо гледано немавме ритам и немавме воопшто среќа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ