Норис сака болид што подобро се однесува

Ландо Норис сака нов болид од Мекларен којподобро се вози споредено со претходникот и не сака МЦЛ60 да биде едноставно само перформанси.

Младиот британец посочи дека неговиот веќе поранешен колега, Даниел Рикардо, имал подобро пријалгдување на новите болиди со земјен ефект на почетокот на ланската сезона и дека значително го променил својот сил на возење за да се прилагоди на болидот особено по проблемот со прегревање на сопирачките кој се појави уште на тестот во Бахреин.

Ландо порасни дека 1/3 од сезоната ја загубил за да најде начин да се чувствува удобно во болидот за да може да го подеси како што му одговара. Поради тоа, тој сака МЦЛ60 болид кој ќе има подобри возни карактеристики наместо само брз болид од кој тешко се вадат перформанси.

дефинитивно има многу повеќе информации од мене од лани до сега за да се направи најдобар болид и најбрз болид. верувам дека треба да почнеме да правиме поголеми чекори, да се обидеме да промениме некои клучни работи со кои се мачевме во минатото и се дел од болидот долго време. тоа е она на што притискав многу ланската сезона, да имаме почесто подобрувања.

јас сакам да ги увидам и отстранам сите слабости, да имам болид кој не е само брз, туку подобар и полесен да се вози, а во исто време полесно му се наоѓаат перформансите – посочи ландо.

Објаснувајќи го однесувањето на ланскиот пакет на тимот, тој откри.

се мачев по малку со се. општо најголем проблем беа кривините и вртењето кое беше целосна спротивност од она што јас го сакам. морав да се адаптирам и многу да про променам мојот стил, секоја кривина беше борба.

беше невозможно да бидам добар на секоја кривина од секој круг и се мачев да стигнам до лимитот и да се приалгодам. се адаптирав на секоја кривина одделно, но истата кривина во два различни кругови не е иста, така што сакам полесен болид поради тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ