Норис со објаснување зошто е толку добар во Ф1

Ландо Норис откри зошто се чувствува толку удобно во болидот на почетокот од својата прва Формула 1 сезона, споредено со претходните негови настапи во јуниорската Формула 2 тркачка серија.

По само една сезона во Ф2 која ја заврши на второ место зад Џорџ Расел, британецот мина во Формула 1 добивајќи место во Мекларен годинава каде заврши 4 пати во поени на првите 10 трки од календарот. Успехот тој смета дека се должи на брзото адаптирање на околината која ја затекнал во Вокинг кај Мекларен.

дефинитивно не е полесно и не сакам да баксузирам, но се чувствувам поуверено во болидот во формула 1. тоа не е поради тоа што добро ми оди затоа што сезоната не е ни на половина, но полесно склопувам совршени кругови и добро се чувствувам во болидот.

не велам дека е полесно или нешто слично, едноставно подобро ми е чувството. мислам дека имам поголема верба во пакетот и подобра идеја за лимитите и како да ги стигнам. но тука е и комбинацијата во работата со тимот годинава – смета норис.

Британецот смета дека напорната работа со Мекларен му помогнало да ги идентификува областите каде бил послаб и каде се подобрил, како во болидот така и надвор од истиот.

знаејќи се себе мислам дека не завршив најдобра работа лани и работам на тоа. сигурен сум дека сите знаат дека не сум најсреќен кога нема да испораќам на квалификации и трка, а тоа прави да работам напорно и да се подобрувам.

Ландо веќе ја обезбеди својата иднина во Мекларен откако тимот потврди дека нема да го менува својот возачки тандем во 2020 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ