Норис со ограничен тренинг поради болки во грбот

Ландо Норис одлучил да го ограничи своето возење во Т2 за втората трка во Австрија во обид да ја намали болката во грбот која започнала на почетокот на денот.

Британецот почувствувал болки на првиот тренинг, но сметал дека со третман помеѓу сесиите ќе се чувствува подобро. Сепак, откако Мекларен одлучиле да не го приложуваат на дополнителен стрес, тие одлучиле да го ограничат неговото возење. Тој извозе 31 круг и се пласираше на осмото место, додека Карлос Саинз заврши на три места понапред со 45 кругови.

Сега се чувствувам добро и се движам наоколу, но кога возам има нешто што предизвикува многу болка, особено во брзите свиоци и кога сопирам. Разговарав со мојот специјалист и тој ќе се обиде да открие што е причината, но не е толку очигледно.

Пијам апчиња за болка, но тоа ми влијаеше денес. Прилично фрустрирачки. Не се чувствувам удобно во болидот да притискам, така што се надевам дека проблемот ќе се реши и ќе бидам подготвен за наредната сесија.

Не бев во можност да возам многу кругови. Морав да се лимитирам за да бидам во добра форма за следните сесии. Не е толку мазно како минатиот викенд. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ