Окон: Алпин ќе бидат опасност за најдобрите екипи

Естебан Окон смета дека начинот на кој Алпин ги одработиле скорешниет трки му даваат право да верува дека со подобар болид ќе бидат вистинска закана за најдобрите екипи ан гридот.

Алпин имаа неубедлив почеток на сезоната, а најголем дел од поените ги освојиа на Хунгароригн каде Естебан стигна до својата прва победа во Формула 1 кариерата. По летната пауза, тие беа неконстантни, но се подобруваа како одминуваа трките, така што направија недостижна предност пред АлфаТаури во борбата за 5то место годианва.

Окон беше на прагот на подиум на минатата трка во Саудиска Арабија, но го загуби тоа 3то место буквално во последните метри од трката и финишираше десетинка зад Окон. Иако французинот беше разочаран, тој смета дека екипата ќе биде одлична догодина кога сите екипи ќе почнат “од нула“ и верува дека тимот ќе биде опасна конкуренција за било кој доколку добро одработат на трка.

тешко е да се проголта резултатот затоа што имавме подиум на 50 метри пред крајот на трката, така што не можеме да бидеме задоволни, иако го зголемивме водството пред алфатаури кај конструкторите.

извадивме многу од болидот и како што фернандо сака да каже, тоа е дел од планот. притискаме колу што можеме повеќе, имаме силен резултат и задоволни сме сите во тимот. мислам дека одработивме добар викенд, имавме силен ритам како водечките и ќе бидеме закана и опасност во иднина – посочи окон.

Извршниот директор на тимот, Марцин Будковски, е свесен дека тимот треба да ја менаџира неконстатноста, но и дека веќе ќе почне да употребуваат многу работи кои ги научиле во Џеда.

некои од трките годинава, како на пример остин и монако, беа навистина многу лоши, а мексико беше вистинско разочарување, додека во катар завршивме на 3то место.

сите имаат подеми и падови, но важно е таа неконстантност да се менаџира и контролира затоа што тој што ќе успее да го менаџира тоа и да извади најмногу од пакетот ќе освои највеќе поени.

научивме многу лекции и ќе ги употребиме од следната година, а она што го воочивме во катар веќе го користевме на џеда.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ