Окон: Можеше да се случи огромна беља

Естебан Окон од Алпин беше присебен и навреме закочи откако пред него се појавија многу луѓе, новинари, фотографи и пероснал на ФИА додек го правеше задолжителното застанување на крајот од трката низ Баку.

Французинот со стартниот сет хард ја комплетираше цела трка во надеж за второт безбедносно возило, а влезе по задолжителна промена во последниот круг за да ги испочитува правилата. Но, како што влегуваше во боксот, неговиот пат беше блокиран од куп луѓе по што мораше да кочи и да ги заобиколува за да не удри некого.

По промената на гуми, тој ја заврши трката на 15то место, а потоа изјави дека бил исплаштен кога видел толку многу луѓе пред себе.

никој не сака да види ваков инцидент и јас сеуште не разбирам зошто сите луѓе се подготвуваа за подиумот на круг пред крајот додека уште се тркавме. пристигнувам таму со 300 кмч, кочам во последен момент за да загубам најмалку време, влегувам во боксот и морам да правам дополнителни маневри за да не направам огромен проблем. можеше да биде огромна беља и нешто што никој не сака да го види.

веднаш ќе побарам објаснување од фиа затоа што се исплашив. јас го контролирам болидот, но не сакам да сум на местото на некој што е во боксот – незадоволен е естебан.

Алпин повторно имаа лош викенд откако двајцата возачи завршија надвор од поени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ