Окон не гледа драматични моменти во дуелот со Алонсо

Естебан Окон остана со измешани чувства откако заврши на осмото место на Шпанското ГП, трка во која тој направи одбранбен потег против Фернандо Алонсо за време на борба со неговиот поранешен тимски колега.

Окон инсистира дека немало никаква драма среде неговата тесна битка со Фернандо Алонсо на трката за Големата Награда на Шпанија.

Откако ја започна трката од шестото место на гридот, Окон на крајот го заврши настанот на осмото место на помалку впечатлив ден за Алпин по нивниот силен настап во саботните квалификации.

На патот до неговиот резултат, Окон влезе во тесна битка со поранешниот тимски колега Алонсо, при што французинот направи одбранбен потег против возачот на Астон Мартин на стартно-целната рамнина.

Алонсо на крајот стигна до седмото место, но Окон сепак се забавуваше во борбата.

Уживав да се тркам со него – изјави Окон за медиумите.

Откако видов дека е на десната страна, се повлеков бидејќи знаев дека не можам да го задржам зад себе. Успеав два круга, но потоа морав да го пуштам.

Беше прилично нормално, се беше добро. Немаше воопшто драма, тоа беше добро тркање.

Уживав и ќе уживам во уште многу битки со Фернандо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ