Окон: Рено забележа проблем со пневматиците по тренинг сесиите

Естебан Окон тврди дека Рено ги забележале оштетените пневматици за време на тренингот на Британското Гранд При, откако тројца возачи се откажаа на самиот крај на трката минатиот викенд.

Пирели започнаа истрага околу причината за откажувањата.

забележавме многу исекотини кои нормално не се забележуваат по тренингот. Вистина е дека Силверстон е тежок над пневматиците со големата брзина и ивиците во свиоците. Комбинацијата на свиоци и слично. Поминуваме низ земја на излез од кривината број 13, каде веќе нема ивица, а тоа ги оштетува пневматиците.

Не знам дали е од остатоци или само дека патеката е многу агресивна кон пневматиците. Новите болиди се пошироки, Но видовме штета повеќе од очекуваното на пневматиците – смета естебан.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ