Окон очекува “нормалните“ патеки да одговараат на Алпин

Возачот на Алпин се надева дека возењето на нормални патеки ќе му користи на тим додека тие се обидуваат да завршат повисоко во конкурентскиот поредок.

Естебан Окон предвидува дека претстојната серија на “нормални патеки“ треба да им обезбеди на Алпин повеќе можности да освојат значајни поени.

Тимот има постигнато само еден подиум досега во 2023 година, и покрај нивните цели за повеќе пласмани во топ 4 како дел од нивниот план од 100 трки да се вратат во шампионска конкуренција.

Од седумте трки досега, имаше само две кои се одржаа на патеки кои се сметаат за улични. Французинот се надева дека распоредот на нормални патеки пред летната пауза ќе оди во нивна полза.

Беше супер викенд минатата година за нас во Австрија, мислам дека завршив петти или шести на трката и болидот беше мошне способен и се надевам дека ќе можеме да го сториме истото – изјави тој за медиумите.

Тоа се патеки што ги знаеме многу добро, понормални патеки и со малку помал ризик. Да видиме што можеме да направиме. Ќе уживам во европската сезона.

Алпин има планови да носи надградби постојано во текот на целата сезона во обид да ја намали разликата во однос на ривалските тимови.

Тимскиот шеф Отмар Шафнауер изјави дека тимот е подготвен да го преземе ризикот за време на спринтерски викенди, и покрај ограничувањата на резервните делови. Окон е оптимист за нивните шанси да завршат високо на претстојниот Спринт настан во Австрија.

Имавме исклучително добри спринтерски трки во 2021 година. Пред 2023 година, веројатно имав најдобра стапка на освојување позиции заедно со Фернандо на спринтерски трки.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ