Окон: Сезоната не е завршена, Рено ќе има нови подобрувања

Естебан Окон смета дека можноста за силна сезона во 2020 година за Рено сеуште постои по тешкиот викенд во Унгарија, откако екипата планира подобрувања за следната трка на Силверстон.

Французинот имаше тешка квалификациска сесија со медиум пневматици, што значеше дека кога ќе преминат возачите на софт, тој ги немаше перформансите како останатите.

Не беше добар викенд. Севкупно не се подобривме при условите и мора да анализираме што се случи. Беше тешко, ова е викенд за заборавање. Ќе работиме да се вратиме посилни, Тоа е јасно. Изгубив малку при првото влегување, а од тој момент беше тешко да се вратам. 

Развојот сеуште постои. Сеуште е рано, трките поминуваат, но сеуште е рано во сезоната. Дефинитивно ќе следат повеќе работи, не е готово. Се надевам на добри севкупни перформанси, но не знам што точно ќе биде подобро. Ќе донесе повеќе перформанси на патеки како оваа и тие делови ќе бидат важни. Ќе видиме – откри францускиот возач.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ