Окон треба да се подобри на квалификациите

Новиот возач на Рено, Естебан Окон, на првата трка од сезоната во Австрија заврши на 8та позиција, но сепак негова цел е да оди понапред на гридот. 

Тој ја стартуваше трката од 14та позиција и одеше напред во топ 10 каде се тркаше со Даниил Квјат. Двојката имаше контакт кон крајот на трката и Окон успеа да дојде до 8та позиција пред Пјер Гасли. Сепак, стартот од дното, четири позиции зад својот колега, го направија своето.

Беше добро да започнеме со трките. Да завршам во поени е одлично за мене бидејќи сум сеуште дефокусиран. Среќен сум со трката.

Да бидам искрен ми требаше доста работа за оваа позиција. Болидот беше добар на трката, имав добро темпо и добри борби. Можеби треба да се подобрам во саботите и да стартувам понапред. Моја цел е да бидам што подобар, но времето ќе го покаже тоа. Сеуште сакам да се поправам. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ