Окон: Трката ќе биде војна

Естебан Окон, возачот на фабричкиот тим на Рено очекува Јубилејното Гранд При на Силверстон да биде војна откако доби казна од три позиции за блокирање на Расел на квалификациите по што наместо од 11то место, ќе тргне од 14то.

Французинот очекува да има борба со оние пред него поради тоа што има посилен болид од нив кој заслужува повеќе поени.

на трката ќе биде војна. моето стартно место е вообичаено резервирано за побавни болиди, така што имаме ритам и ќе претекнуваме.

тргнуваме доста далеку од поени, но ќе се обидеме да надоместиме и да ги искористие приликите, иако знам дека нема да биде лесно иако вообичаено имаме ритам за добри поени.

во врска со казната, жалам за тоа што се случи, бев на загревачки круг и го претекнував џовинаци и не бев свесен дека расел доаѓа зад мене на брз круг. добив казна и мислам дека ја заслужив затоа што го уништив кругот на џорџ. лошо изменаџиравме во таа ситуација – искрен е естебан.

Тој смета дека двата болиди на Рено имале различни перформанси, нешто што не може да го објасни.

направивме доста тестови и не го најдовме проблемот што ги предизвикува разликите во перформансите на двата болиди иако истите се очигледни. двата болиди се со иста спецификација и мораме да најдеме што не е во ред со мојот и што да направиме подобро за да ја намалиме разликата.

едноставно не можев некои кривини да ги минам исто брзо како даниел и неговиот болид одлично напредува секој следен тркачки викенд, а ние не се подобруваме онолку колку што е потребно.

мораме добро да анализираме и секако дека има некои работи кои размислуваме да ги промениме. праволиниската брзина ми е доста пониска од онаа на даниел, тоа е главна разлика.

разликите во перформанси се очигледни, минатата недела не беше така, бевме еднакви, но оваа не е случајот таков.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ