Окон цели кон подобар резултат во втората трка на Силверстон

Естебан Окон сака уште подобар резултат од пласманот на шесто место на Британското Гранд При во втората трка на патеката Силверстон, по повод 70-годишнината од спортот.

Окон имаше солидна трка минатиот викенд, се бореше меѓу топ 10 возачите, пласирајќи се позади Даниел Рикардо за неговиот најдобар пласман од Италијанското Гранд При во 2018 година.

Работевме напорно да најдеме перформанси за да постигнеме што е можно подобар резултат. Болидот беше фантастичен цела трка. Имав солиден старт, ја задржав мојата позиција и останав блиску до болидите пред мене.

Со тврдите пневматици извозев добро и имавме добра форма на крајот со кој напреднавме. Дефинитивно го заслуживме овој резултат и поради тоа посакувам повеќе.

Ја имаме мотивацијата да го повториме резултатот, ако не и повеќе овој викенд. Може да се подобриме во квалификациите. Во К1 и К2 бевме во топ 8, а потоа не беше толку добро. Ако стартуваме повисоко, формата во трка е доволно добра да освоиме повеќе поени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ