Олимпико анализа: ФИА и Пирели со нови мерки за гумите

ФИА заедно со Пирели воведуваат нови проверки на гумите за овонеделното Француско Гранд При, по двете пукнати гуми при голема брзина за време на последното Азербејџанско Гранд При.

Истрагата на Пирели за гумите на Строл и Верстапен во Баку заврши и дојде до заклучок дека несоодветното користење на гумите, надвор од протоколите на ФИА, довело до пукање на гумите, а не оштетување од некакви остатоци и нечистотии на патеката. Веќе постоеја загрижености дека екипите ги возат гуми на помал притисок од мининалниот кој Пирели го пропишува, така што Федерација донесе нова директива со која го регулира тој дел од правилата.

Во пресрет на трката на Пол Рикар, екипите ги потсети екипите дека нивноа должност е да го почитуваат притисокот на гумите кои Пирели го пропишува, но ФИА во исто време и заклучува дека нема добар начин да се провери притисокот откако болидот ќе биде пуштен на патеката.

Екипите си имаат свои сензори и податоци за следење на притисокот на гумите, но податоците не се доволно точни за да се користат од страна на ФИА. Во иднина ќе бидат одбирани сетови по слободен избор по тренинг сесиите и квалификациите за проверка, а по трката проверувани ќе бидат сите користени сетови.

Гумите кои ќе го минат тестот ќе имаат посебни налепници и истите нема да може повеќе да се менуваат по проверките и секако дека нема да биде дозволно пумпање или издишување на нив. ФИА исто така донесе процедури за процерка на притисокот на гумите на ладно кој мора да биде со она што Пирели ќе го пропише за таква температура.

Доколку се заклучи дека има некој расипан вентил на гумата или друг проблем кој довел до лош резултат, Федерацијата ќе дозволи корекција на притисокот и температурата.

ФИА појасни дека било која екипа која ќе ги вози гумите, кои ќе бидат проверени по крајот на трката, под помал притисоко од оној што Пирели го пропишува, ќе биде пријавена кај стрјуардите на трката.

Дополнително ќе бидт воведени и термални проверки со инфра црвени камери за да се осигура дека пневматиците нема да се прегреваат со ќебињата наменети за загревање и на тој начин да се зголеми притисокот пред проверките од ФИА.

До сега, екипите мораа да бидат во согласност само со минималниот притисок пред стартот на трката, но сега мораат да задоволат повеќе проверки што значи дека нема да може да ги користат гумите спротивно од насоките на Пирели. Ова е особено клучно за трки каде гумите се користат голем број кругови и поради тоа има поголема веројатност за намалување на притисокот.

Новите проверки на гумите доаѓаат во пресрет на нов систем кој ќе биде воведен следанта година кога Формула 1 воведува задолжителен приситок и температура кои ќе се следат на посебен начин за да гумите бидат во состојба како што препорачува Пирели.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ