Орлен и Кубица ќе ја продолжат соработка со Алфа Ромео

Полскиот нафтен гигант, ПКН Орлен, ќе продолжи како главен спонзор на Алфа Ромео и во 2021 година во Формула 1, додека Роберт Кубица ќе остане како тест возач на тимот. 

Полската компанија се приклучи на Алфа Ромео годинава откако Роберт Кубица стана тест и резервен возач. Во Октомври тимот потврди дека ќе го продолжи партнерството со тимот и за 2021 година. Орлен потврдија дека нивниот бренд ќе остане на главна локација на болидот и во 2021 година.

Нашата инвестиција во партнерството со Алфа Ромео носи корист. Тоа најдобро покажува дека спортот нуди силен потенцијал од гледна точка на спонзор. Овој аспект го разгледуваме во Полска, каде нашето партнерство со Роберт ни помага во продажба од секаков тип.

Како главен спонзор на Алфа Ромео тоа помага да се распознае препознатливоста на нашиот бренд околу светот, што пак помага во нашите деловни амбиции – велат од компанијата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ