Орлен сакаат да останат со Алфа

Полскиот нафтен гигант и спонзор на Роберт Кубица, Орлен, сакаат да останат во Формула 1 преку нивниот партнер, Алфа Ромео.

Полјакот го напушти Вилијамс по една сеона во Гроув во 2019 година, а потоа стана резервист на Алфа Ромео носејќи го својот личен спонзор ПКН Орлен со себе.

Првиот човек на компанијата, Даниел Обајтек, најави дека компанијата не сака промени во иднина.

се повеќе и повеќе стануваме глобална компанија, но јас можам да го кажам мислењето само за потпишаните договори и не можам со сигурност да предвидам што ќе се случува потоа.

ако инвестирате во глобален спорт како формула 1, она што очекувате да го добиете за возврат и признавање и познавање на вашиот бренд. јас ќе бев загрижен ако инвестиравме во такво нешто 1-2 години, а потоа се откажевме.

јас сам не ја менаџирам компанијата. што ќе се случува во иднина ќе биде резултат на преговори, логика и стратегија. ако постои можност договорот да биде продолжен во текот на времето, ние сме подготвени да останеме – изјави главниот извршен директор на орлен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ