ОФИЦИЈАЛНО: Нема повеќе грид девојки

Шефовите на Формула 1 објавија дека спортот ќе ја прекине традицијата да се користат девојки на гридот пред стартот на трките, почнувајќи од оваа година. Тоа ќе се однесува како на Формула 1 така и на сите придружни трки во текот на еден Гранд При викенд.

Шон Брачес, Комерцијалниот шеф на спортот објасни дека користење на грид девојките повеќе не бил во согласност со новиот имиџ кој за Гранд При тркањето сакале да го изградат од Либерти Медиа.

Во текот на минатата година разгледувавме многу области кои сметавме дека може да се освежат и подобрат за да бидат во согласност со визијата за овој одличен спорт.

Праксата да се користат девојки на грдито пред почетокот на трките е пракса во Формула 1 децении наназад, но ние сметаме дека тоа не е во корист на вредноста на нашиот бренд како и во согласност со социјалните норми на модерното време. Не веруваме дека тоа е соодветно и релевантно за Формула 1 и фановите кои ја пратат како новите кои сакаме да ги привлечеме насекаде низ светот – гласи соопштението потпишано од Шон Брачес.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ