Пажино доби 2,67 милиони долари за победата на Инди

Французинот Симон Пажино инкасираше 2,67 милиони долари за неговата прва победа на Индијанаполис 500 викендов.

Победникот и освојувач на пол позицијата водеше 116 кругови од вкупно 200 и стана првиот французин кој триумфирал ан трката од почетоците на истата во 1920 година. Воедно, по Вил Пауер лани, тој е вториот возач на Пенске кој победил на трката.

Пажино го превзема водството во претпоследниот круг откако го мина Александер Роси и победи на 103то издание на трката на Брикјард.

За второто место, Роси доби 759,159 долари, откако како дебитант во 2016 година победи на трката за Андрети Аутоспорт. Такума Сато, победникот од 2017 година кој оваа заврши на 3то место, инкасираше 540,454 долари.

Најдобриот дебитант, сантино Феруши ќе добие 435,404 долари за своето 7мо место. Наградниот фонд на овогодинешното издание изнесуваше 13,1 милиони американски долари.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ