Проблем со спојката го уништи Инди 500 обидот на Алонсо

Фернандо Алонсо откри дека проблем со спојката ги заврши неговите надежи за освојување на тројната круна со победа на престижниот Индијанаполис 500.

Двократниот Формула 1 првак се квалификуваше на 26то место и продолжи да паѓа во поредокот по стартот на трката. Следуваше напредок до 15то место додека откажување на спојката и многу долго задржуање во боксот не му ја доуништи трката со пласман на 21во место и круг заостанување од победникот Такума Сато.

се мачевме од самиот почеток со балансот на болидот и големо надуправување. константно го менувавме балансот за време на промената на гуми, го намалувавме аголот на предното крило и станував се позадоволен од болидот. Во 110-от круг бев на 15то место, што беше добро за тој дел од трката.

половина од трката ја минавме пробивајќи се од 26то место на 15то место, а потоа следуваше проблем со спојката кој не знаевме како да го решиме. ја завршивме трката буквално без спојка, моравме со буткање да го вадиме болидот од боксот за менувачот да влезе во брзина.

тоа не чинеше цел круг заостаток на крајот од трката, но со такви проблеми не ни можевме повеќе – објасни алонсо.

Оваа година беше третиот обид на шпанецот да триумфира на легендарната трка, а нов обид нема да има следните две години затоа што Рено не се толку флексибилни како Мекларен и бараат целосна посветеност од него во Формула 1 проектот. Покрај проблемите, Нандо има само пофалби зборови за Ероу Мекларен СП тимот.

задоволен сум што ја завршив трката, го минав финишот и имам 500 милји комплетирана трка, тоа е позитивно. негативно е што многу брзо испаднав од комбинација за победа поради проблеми со спојката.

сепак, мислам дека ероу мекалрен сп завршија фантастична работа во текот на трката со стратегијата и промените на гуми поради што добив неколку позиции. горд сум на нивната работа и она што го направивме последните недели.

се обидовме да се тркаме, но не беше наш ден денеска иако сум горд на сите.

Патрицио О’Ворд, колегата на Алонсо, ја заврши трката на 6то место, додека Ескју беше 31ви.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ