Палмер: Повеќе тимови го сакаат Де Врис

Поранешниот Формула 1 возач, Џулион Палмер, верува дека повеќе тимови веќе почнуваат преговори со Ник де Врис по импресивното деби на Монца. 

Де Врис беше повикан во саботата да го замени болниот Александер Албон на Монца и беше одличен на квалификациите носејќи поени за тимот во неделата. Палмер верува дека Вилијамс треба да размисли да го задржи младиот возач во нивните редови. 

Алекс Албон беше одличен со Вилијамс и мислам дека де Врис продолжи по неговиот пат. Иако беше потценет, тој имаше импресивно деби. Сигурно Вилијамс треба да размисли што ќе прави со возачите кои им носат поени, Но не се само тие во игра за потписот на де Врис – посочи палмер.

Поранешниот Формула 2 шампион е јасен дека сака да влезе во Формула 1 и ќе даде се од себе како резервен возач. Иако де Врис е поврзан со Вилјамс, сепак има повеќе шанси за него за наредната година. Алпин има отворено место исто и Хаас. Алфа Ромео немаат потврдено возач но најверојатно ќе го задржат Жу Гуанју. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ