Пантера Азија не се откажува од влез во Ф1 во 2022

Пантера Азија Формула 1 тимот не се откажува околу идејата да стане дел од Формула 1 гридот во 2022 година штом новите правила во спортот стапат на сила. Азиската екипа со седиште во Велика Британија уште минатото лето стави јасно до знаење дека има идеја да биде најнов тим во врвната моторспорт тркачка серија.

Првично, Пантера најавуваа влез во 2021 година согласно новите правила, но откако екипите изгласаа едногодишна пролонгација на регуалтивара, азискиот тим реши да го пролонгира својот влез во спортот.

Бенџамин Дуранд, изјавил дека одложувањето на новата регулатива како и кризата предизвикана од пандемијата, не ги откажал од влез во спортот.

минатиот период за нас беше луда жалезница, но надежта сеуште постои и проектот се одвива. целевме на 2022 година и пред оваа криза така што сеуште стои таа цел за влез во спортот. веќе имаме група на луѓе кои работат на болидот, прават првична работа на аеродинамиката, а имаме и луѓе кои продолжуваат да бараат инвеститори – најави дуранд.

Дуранд е познат по тоа што беше шеф на СМП Рејсинг, руско-француската екипа која се тркаше во сериите со спортски автомобили.

ќе почекаме да се донесат некои одлуки во формула 1 за д откриеме повеќе за нашиот план. луѓето зборуваат за можности да се купи болид на друга екипа, така што мораме да почекаме и да видиме што ќе се случи затоа што не засега нас.

Тимот веќе имал договор на маса за снабдување со мотор и други потребни делови со производител од почетокот на годинава, пред да избие Ковид-19 пандемијата, а надежт е дека проектот ќе биде склопен благодарение на ограничувањето на трошењето и буџетите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ