Пантерa повторно бараат начин за влез во Ф1

По објавата на Андрети дека засилено работат на својот влез во Формула 1, овој пат во партнерство со Џенерал Моторс и нивниот бренд Кадилак, медиумите пренесоа дека и Пантера Азија Тим повторно покажуваат интерес за влез во спортот.

Пантер прв пат се појави со желба за екипа во 2019 година, но Ковид пандемијата ги уништи нивните обиди да стигнат до најпрестижната тркачка серија на светот, така што се беше ставено во мирување. Но, со промените на правилата која ќе следи од 2026 година во однос на моторите, почнува нова офанзива на азијците кои сакаат да формираат и своја Академија и да донесат азиски возачи на гридот.

целата работа е како луда железница затоа што уште многу одамна можевме да се откажаме од овој проект, но веруваме силно во него. формула 1 е силно фокусирана на сад што е нормално поради огромниот раст во интересот, но штом се засити тој пазар, азија и африка се следни – појасни бенџамин дуранд, коосновач и шеф на тимот.

Тој посочи дека возбудата која се појавила по првиот кинез на гридот, Гуанју Жу кој лани дебитирааше во Алфа Ромео, како и јапонецот Јуки Тсунода пред него во АлфаТаури, била огромна.

сметаме дека азискиот пазар и кинескиот пазар се следни кои ќе имаат огромен раст, особено кога жу е во тркачката серија.

Тој смета дека токму сега е најдобро време за конечно една азиска екипа како Пантера да стане дел од гридот.

проблемот со создавање на формула 1 екипа е да ги имате сите коцки споени. кога имавме пари, фиа и формула 1 не беа подготвени затоа што во тоа време се преговараше новиот конкорд договор. потоа разговаравме со рено да ни бидат технички партнери, но тие минуваа низ големи менаџерски промени.

работите стагнираа за нис и потоа дојде пандемијата по која го загубивме финансирањето и моравме одново да работиме на тој план. подготвени сме да продолжиме, имаме неколку луѓе кои се подготвени да дојдат кај нас, но сите во моментов имаат ангажман во формула 1. нема никаква поента да продолжуваме се додека не се средат останатите работи.

Претседателот на ФИА, Мохамед Бен Сулајем, веќе даде насоки да се испита интересот за можна 11та екипа на гридот, така што тоа се случува, но сеуште е во почетна фаза.

знаеме низ што минаа хаас. во нашите разговори со фиа и нивниот правен тим,ни кажаа дека процесот ќе биде исти како и претходно, но ни треба и официјална потврда, тоа го чекаме во моментов. ни рекоа дека ќе биде до крајот на овој месец, тогаш ќе кажат што очекуваат од новата екипа. искрено верувам дека не сме далеку од целта, далеку од гридот и веќе имаме преддоговор со снабдувач со мотор.

добра работа е што согласно правилата може да купит 70% од болидот од друг производител. ние не планираме сами да го правиме, немаме веднаш воздушен тунел, но можеме да склучиме договор со некоја екипа да го користиме нивниот. има доста воздушин тунели во европа кои може да се користат.

основно е да биде исправен тајмингот и да имаме финансиска сигурност на екипата, технички и менаџерско знаење и потоа да донесеме формула 1 персонал. тоа се главни фактори без кои се не може. сепак, се работи за долгорочна цел и поради тоа сме многу реални затоа што сакаме сериозно да почнеме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ