Пантера најавуваат купување на постоечка екипа

Сумата од 200 милиони долари која треба да ја плати некој нов тим кој сака да влезе во Формула 1 во иднина е полоша опција од купување на веќе посточеки тим. 

Ова е мислењето на Бенџамин Дуранд, соосновач на Пантера, која планира да влезе во Формула 1 во 2022 година. 

Под новите услови од Конкорд договорот, нов конструктор може да влезе во Формула 1 само ако плати 200 милиони долари кои треба да се поделат меѓу постоечките тимови. Дуранд посочува дека со продажбата на Вилијамс за околу 175 милиони долари се направил потег кој има поголем смисол од правење нов тим. 

Сите опции се на маса, Но очигледно доколку некој тим е ценет на помалку од 200 милиони долари, како на пример Вилијамс, тоа е подобра опција.

Не знам кои тимови се продаваат во моментов. Лошо е што некои сопственици на тимови ќе ги преценат своите тимови иако немаат реална вредност – смета дуранд.

Иако сумата од 200 милиони долари може да е пречка за Пантера, Дуранд уверува дека тоа е оправдано. 

Тоа е јасно направено да се заштитат постоечките тимови што е добро. Тоа покажува дека се води грижа за нив што не е случај секогаш. Тоа е одличен потег на формула 1. 

Без оваа сума, создавање на нова екипа чини 80-120 милиони долари во зависност од поддршката од производителот чии мотори тимот би користел.

За нас се водат дискусии веќе некое време. Ова не се добри вести, но беше очекувано.

Потешко ќе биде бидејќи е полесно да се најдат 100 милиони отколку 300 милиони долари. 

Треба да го разбереме договорот. Доколку се платат тие 200 милиони долари, дали веднаш се има пристап до наградниот фонд од првата година. Не се само тие 200 милиони. Терба да се разберат придобивките. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ